АктуелноОхрид

Полицијата кај Велгоштанец пронашла марихуана

На 29.08.2022 во 21.20 часот на ул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 25 годишно лице од с.Велгошти, охридско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: СВР Охрид