Охрид

Почина Фазли Луик, музичар и голем вљубеник во Охрид

На 62 годишна возраст во Мелбурн, Австралија почина Фазли Луик.

Луик е роден 1960 година во Охрид и почетоците со музиката му се во раните деведесетти во неговиот роден град а потоа поактивно со музика и настапи на фестивали се занимава во Австралија. Потекнува од музичко семејство. Вујко му беше доаенот на македонската песна Пепи Бафтироски а братучед композиторот Хилми Билбил. Ќе остане забележана неговата соработка со многу композитори меѓу кои и Тоде Новачевски и нашиот Енвер Рашити.

Посебно ќе остане запаметен по тоа што беше голем вљубеник на Охрид и постојано пееше за Охрид и покрај неговото живеење во далечната Австралија.