Струга во минатото беше град што блескаше под летното сонце. Чисти улици, кејови, изобилство зеленило и дрвја беа секојдневна слика, а разгледниците со тој пејзаж патуваа надалеку.
Во таков амбиент се случуваа сите големи културни и спортски настани, затоа што стружани освен по гостопримството беа препознатливи по чистотата и грижата за впечатокот што ќе го остават врз гостите. Тоа беше најдобрата можна реклама и тоа вродено чувство за промоција го користеа на најдобар можен начин.
Што се случува со градот денес? За зеленило се одвојуваат баснословни средства од градската каса, а зеленило има сѐ помалку. За дрвја и да не зборуваме. Преплавени сме од бездомни кучиња. Реката е преполна со реси. Улиците и кејовите личат како да сме град од истокот на Украина.
Ретко кој ќе се согласи дека Струга е олицетворение на град на поезијата. На таквата претстава ќе се сеќаваме како не некoја златна доба, бидејќи доброволно ваквата титула ја менуваме за тоа дека сме град на некултурата, криминалот и нечистотијата.
ОК ВМРО ДПМНЕ Струга