АктуелноОхрид

Професори од Пожаревачката гимназија во посета на Охридската гимназија

Денес во пријателска посета на нашата гимназија беа професори од  „Пожаревачка гимназија‟ – Пожаревац, Р Србија. Гостите се запознаа со историјатот на нашето училиште и беа воодушевени од архитектурата на охридската гимназија . Посебно ги воодушеви фактот дека се учи во автентичната зграда  изградена во минатиот век и фактот дека е заштитен споменик на културата. Директорката на „Пожаревачка гимназија‟, Даниела Жуковски  упати покана за возвратна посета на нивната гимназија по повод 160 – годишен јубилеј од  постоењето на гимназијата. Исто така се поттикна иницијатива за соработка меѓу двете гимназии.

 

Гимназија Охрид