АктуелноОхрид

Поради амандманите од Левица – блокирана седницата на Совет, а со тоа и средствата за Охридскиот пливачки маратон

Овој е начинот на кој советничката на Левица Виолета Аврамоска бесрамно, дрско и потценувачки си тера мајтап со граѓаните на Општина Охрид и членовите на Советот, напиша на својот ФБ профил претседателот на советот на Општина Охрид, Сашо Донев.

Во објавата Донев додава:

Со поднесените 80 амандмани по предлог Програмата за располагање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, советничката предлага зголемување на минималната почетна продажна цена за само 12 денари и секој нов амандман со покачување за само 1 денар.
Иако советничката знае дека цената ја утврдува Владата, таа свесно сака да ја блокира седницата на Совет со што ќе ја донесе во прашање Одлуката за обезбедување на финансиски средства за организација на Охридскиот пливачки маратон.

извор: ФБ Сашо Донев