Во Шумско стопанските единици Буково и Мазатар со кои стопанисува подружницата Галичица од Охрид се појавиле шумски пожари при што е зафатена поголема површина од нискостеблена дабова шума во ШСЕ Буково, одделите 2, 3, 4 и во ШСЕ Мазатар оддел 153, каде што била зафатена борова шума.
Пожарот е појавен вчера попладне, кој моментално бил ставен под контрола, меѓутоа од 5 часот наутро на терен се наоѓаат 50 вработени од подружницата Галичица со едно противпожарно возило, од ТППЕ од Охрид со седум пожарникари и две протоивпожарни возила, ЦУК од Охрид и Битола со по едно возило и пет лица.
Во моментот пожарот е ставен под контрола, но на терен остануваат дежурните екипи до негово целосно локализирање. Вкупната зафатена површина и направената штета дополнително ќе се проценуваат.
-информираат од ЈП Национални шуми.