АктуелноОхрид

(ФОТО) Пецаков: Манифестацијата „Вкусете го Охрид локално“ наликуваше на голема гостинска софра каде посетителите вкусуваа охридски специјалитети

Деновиве во Охрид на плоштадот кај Долна Порта се одржа манифестацијата „Вкусете го Охрид локално“ што наликуваше на голема гостинска софра каде посетителите вкусуваа охридски специјалитети приготвени на традиционален начин.
На случувањето присутните се запознаа со локалните производители на традиционална храна и имаа можност да вкусат домашни месни производи, комат, ѓомлезе, леб под сач, џемови и слатка. Беа понудени и органски производи, различни видови макала, намази, домашно вино и ракија.
Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од движењето „Слоу Фуд“ Охрид со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“ , напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков

фото: ФБ Кирил Пецаков