АктуелноОхрид

Од утре (вторник) ќе започне да функционира Пајак служба на територија на Општина Охрид

Согласно одлуката со број 02-793/2 од Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори” за основање на нова подружница, Пајак служба, како посебна организациона целина на претпријатието и согласно одлуката на Советот на Општина Охрид со број 08-9420/10 за пренесување на правото на користење на товарно моторно возило за специјална намена – пајак, ЈП “Билјанини Извори” ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од утре 19 јули (вторник) 2022 година ќе започне да функционира Пајак служба на територија на Општина Охрид. ЈП “Билјанини Извори” апелира до сите корисници на автомобили да се придржуваат кон сообраќајните правила во делот на паркирањето на возилата.

извор:ЈП “Билјанини Извори”
фото: ЈП “Билјанини Извори”