На 02.07.2022 година во 00,40 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од Охрид на воздраст двајца од 20 и еден од 22 години, бидејќи претходно, на Кеј „Македонија“ го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. При преземање на службени дејствија со цел расчистивање на нарушувањето, полициските службеници биле спречувани од 23 годишно лице од Охрид поради што, тој е приведен и лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
извор: СВР Охрид
фото: Архива