Започнува со функционирање новиот веслачки клуб „Горица Ремо“
На 90 години од почетокот на веслачките спортови во Охридското езеро, денеска, во присуство на повозрасните генерации на веслачи беше презентирана веслачката опрема која преку донација од швајцарскиот клуб „Сееклуб“ Биел, е обезбедена за непречено фукционирање на клубот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Опремата се состои од веслачки скул двоец, два веслачки скул четверец, два веслачки скифа, веслачки чамец четверец, како и весла и додатна опрема. Вредноста на донацијата изнисува нешто повеќе од 20 000 евра.
Со ова по пауза од нешто повеќе од шест години продолжува да функционира веслачка школа во Охрид.
извор: ФБ Кирил Пецаков
фото: ФБ Кирил Пецаков