Овој викенд беа ажурирани цените на терен и табелата со цени може да ја видите на следниот ЛИНК.
Забележано е остро поскапување кај следните производи:
- Масло за јадење: 20-25 денари!
- Шеќер: 5 -8 денари
- Брашно: 6-9 денари
- Млеко: 6-9 денари
- Ориз: 5-7 денари
- Грав: 5-10 денари
- Пиво: 5-10 денари
Исто така, кај многу други, не-основни производи беше забележано зголемување кое е константно.
Ваквите инфлаторни притисоци, ќе ја подигнат инфлаторната спирала, и секое зголемување на платите ќе биде попусто.
До каде ќе се движат цените во нагорна линија, и до кога ќе може просечниот македонски граѓанин да издржи, останува да видиме.
Вие, како следачи на Ценометар.мк можете да заштедете на храна и други домаќински потреби преку следење на нашиот сервис, а табелата со цени можете да ја најдете на следниот ЛИНК!
Извор: Ценометар.мк