АктуелноОхрид

Поради санација на дефект на водоводната мрежа утре неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата ” Гоце Делчев”

Поради санација на дефект на водоводната мрежа на улицата “Гоце Делчев”, на ден 03.06.2022 година (Петок) од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата ” Гоце Делчев”, (на потегот од улицата “Македонски Просветители” до Здружение на возачи- Далјан),
вклучувајќи ги и сите споредни улици од улицата “Гоце Делчев”, во населбите: Кошишта, Воска и Далјан.

извор: ЈП Водовод

фото: Архива