АктуелноОхрид

(ФОТО) Охридската кардиологија продолжува да стекнува нови и да споделува свои знаења на светско ниво

Во периодот од 17-ти до 21-ви Мај годинава, во Париз, Франција, по пауза од 2 години се одржа годишниот состанок на Европското Здружение за Перкутани Kардиоваскуларни Интервенции (EAPCI), Euro PCR 2022, кој во моментов претставува водечки, светски конгрес за интервентни кардиоваскуларни процедури. Како сите претходни, така и оваа година на настанот учествуваа и го водеа врвни имиња од областа на интервентната кардиологија, имиња кои се дел од најпознатите центри од светот и беа презентирани најновите достигнувања од областа, преку големиот број на предавања и конкретни клинички случаи кои се пренесуваа во живо од врвните центри во Европа и светот.

Покрај присутните 10 000 интервентни кардиолози, техничари и медицински претставници, на конгресот традиционално присуствуваа и интервени кардиолози од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Св. Стефан” од Охрид, Др. Никола Бакрачески, Др. Виолета Мојсовска, Др. Дејан Манчевски, Др. Стојан Митрески, кои покрај учеството на практичните работилници и едукативните предавања, ја збогатија програмата на настанот со презентација и случаи на пациенти, третирани на одделот за интервентна кардиологија во Охрид, кои беа одлично прифатени, побудија интерес и плодна дисусија од присутната публика.

Традицијата на учество и претставување на Охрид и Македонија на врвни настани во полето на интервентна кардиологија, на интервентните кардиолози од оваа установа им овозможува стекнување на нови знаења, техники и искуства од областа на интервентната кардиологија и ангиологија кои секојдневно се имплментирааат во работниот процес на установата. Со ваквите ангажмани и интересот за случаите кои се презентираат, Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања, секојдневно докажува дека стои рамо до рамо со светски познатите и признати катетеризациони лаборатории.

ОХРИДСКО „КАРДИОЛОШКО“ ИЗГРАДИ БРЕНД ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Охридската Кардиологија ( меѓу народот попозната како „Кардиолошко“ ) со трудот, макотрпната и пожртвувана работа на персоналот и пред се со знаењето кое постојано се надоградува успеа да изгради почитуван и респектиран бренд од болница која е дел од јавното здравство.

Болницата стана позната низ целата држава и како ретко која друга ужива доверба кај населението кое од цела држава доаѓа тука да користи здравствени услуги.

Охриѓани имаа прилика да се горди на оваа болница и во време на пандемијата кога токму охридското „Кардиолошко“ иако е болница за кардио васкуларни болести, успеа да оствари завидни резултати во борбата со Ковид-19 и процентот на преживеани пациенти во оваа болница да е далеку поголем од оној кој го имаа дури и приватните болници во земјава.

фото: Охрид1