АктуелноОхрид

Промоција на хумани вредности во рамки на Црвен крст Охрид

По повод 3 јуни ден на велосипедизмот, Црвен крст Охрид, во рамките на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), организира еко возење  со велосипеди, под мотото

„Биди екологист, а не песимист”

Целта е со овој настан да се поддигне нивото на еколошката свест кај младите и поттикне нивното конкретно делување во насока на заштитата на животната средина.

Да се сплотиме сите заедно и со мали чекори да направиме големи промени за планетата Земја да биде подобро место за живеење.

Настанот ќе се одржи на 02 јуни со почеток-старт во 19:00 часот од кај паркот Куба Либре.

Влезната карта за учество ќе биде 50 денари, а собраните средства ќе се искористатза уредување на иден локален парк.

На финалната локација Горица 3 учесниците ќе ги „чека“ освежување и прекрасна забава.

 

Црвен крст Охрид