На овој настан Националниот парк ќе ја презентира својата работа, ќе разговара и дискутира со заинтересирани странки за различни прашања од интерес за заинтересираните страни, за Националниот парк и за заштитата на природата. Исто така, вршителите на дејност ќе имаат можност да извршат промоција на своите активности, а на настанот се очекува да се вкусува и подготвува традиционална храна од страна на претставници на организации од локалното население, информираат од НП Галичица Охрид.