АктуелноОхрид

Пецаков: Ако втора сезона по ред плажите во Охрид останат неуредени, тоа ќе биде погубно за туризмот

Доколку втора сезона по ред плажите во Охрид останат нерегулирани, тоа ќе биде катастрофално за туризмот, предупредува градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, пишува Алсат.

Тој вели дека засега состојбата е статус кво, иако летото и туристичката сезона се на прагот.

„Плажите се дефинитивно еден од најголемите проблеми… ако летово на ист начин ги оставиме повеќето нерегулирани плажи, следната година можеби нема да бидеме во фокусот на многу туристи…“, вели градоначалникот  Кирил Пецаков.

Вината за ваквата состојба, Пецаков ја вперува во државните институции на централно ниво кои треба да го изработат планот за управување со Охридското крајбрежје.

„Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски, некако дали имаат побитни работи или ова не е нивниот фокус, ништо не се случува периодов, иако имавме чести контакти…“, нагласи Кирил Пецаков-градоначалник.

Текстот во целост на: Алсат.