АктуелноОхрид

Советниците на СДСМ Охрид не гласаа за легализација на објекти на жителите од Елшани, Коњско, Велестово, Пештани, Трпејца и Љубаништа

Советот на општина Охрид денеска го одржа продолжението на осмата седница, на која на дневен ред беа точките за легализација на бесправно изградени објекти.

Додека советниците од мнозинството во Советот, составено од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и граѓанската иницијатива “Охрид пред се”, плус претставникот на Египќаните, Арбен Демироски, гласаа “за” легализација, советниците од опозицијата предводена од СДСМ не гласаа за легализација на објектите на жителите од Елшани, Коњско, Велестово, Пештани, Трпејца и Љубаништа, односно поранешната галичка општина.

Останува нејасно зошто советниците на СДСМ не ги поддржаа овие одлуки за легализација, кога претходно за други легализации во посочените места гласаа “за”, и кога институциите раководени од кадри на СДСМ, под ингеренции на централната власт, како што е ЈУНП Галичица, дале согласност за легализација.

извор: Охрид 24