АктуелноОхрид

Денеска во Охрид нема новозаразени лица од КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1

Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.

Регистрирани сe 253 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Куманово – 17, Битола и Прилеп – по 13,Кавадарци – 10, Гевгелија – 5, Струмица – 4, Тетово, Ресен и Виница – по 3, Велес ,Гостивар и Кочани – по 2, Кичево, Неготино, Радовиш, Валандово, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 2 починати лица од: Струга (64г) и Прилеп (63г) , сите лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица ( 2 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

 

МЗ