АктуелноОхрид

Детското одделение во Охрид остана само со еден доктор

Со само еден лекар остана детското одделение во Охрид,откако еден од двајцата педијатри подолго време е на боледување. Иако речиси половина година одделението работи само како обична амбуланта за прегледи, сега ситуацијата се влошува,бидејќи пациенти за прегледи се примаат само до 14 часот. Во останатот период, дежураат медицински сестри. За време на викендите, во вечерните часови и за хоспитализација, охриѓани се принудени да одат во Струга, објави Алсат. 

„Работам од 8 до 14 часот. Со тоа што работам и сабота и недела.Имаме сестри кои што се тука за евентуално ако е нешто итно, набрзина да се реагира. Ние сме на приправност. Ако е нешто итно ќе мe викнат од дома. Сестрите наши се многу искусни и знаат што е тешко што не е тешко. Овде ние импровизираме, а во здравство на деца, импровизацијата е како ништо да не работиш“, вели за Алсат  Орхан Зекир-лекар педијатар.

Лекарите го повикуваат новиот министер Беким Сали, итно да ги посети. Доаѓа туристичка сезона, а проблемот дополнително ќе ескалира.

Доктор Зекир вели дека единствено долгорочно решение е двете педијатриски одделенија да се спојат на клиниката за ортопедија Свети Еразмо.

Текстот во целост на: Алсат.