АктуелноОхрид

Божиноски: Општина Охрид ќе го покрие надоместокот за Обука за стекнување со сертификат за личен асистент на лица со попреченост

Одлука за учество на Општина Охрид во реализација на програмска активност за обезбедување личен асистент на лицата со попреченост, напиша на својот ФБ профил советникот од ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиноски.

Во објавата Божиноски додава:

🗣Личната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и лицата со целосно оштетен вид во нивното осамостојување, согласно нивните индивидуални потреби.
✅Општина Охрид се обврзува да го покрие надоместокот за Обука за стекнување со сертификат за личен асистент на лица со попреченост спроведена од избрана верифицирaна организација или институција.
✔️Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 240.000 денари.