АктуелноОхрид

Вредна донација од Почесниот Конзулат на Република Унгарија во ОУ „Христо Узунов“

Стручна литература за наставата по англиски јазик, информатика и програмирање, како и соодветен инвентар и компјутер доби како донација ОУ „Христо Узунов“ од Почесниот Конзулат на Република Унгарија во земјава.

Со оваа донација ќе биде збогатена библиотеката во училиштето, а воедно таа е добредојдена за наставата по англиски јазик и информатика, посебно за додатната настава за талентирани ученици, вели директорката Оливија Пирузева Јанева.

– На средбата со комесарот за Почесни конзулати во Министерството за надворешни работи на Унгарија и Почесниот Конзул на Унгарија во земјава се дискутираше за можноста за соработка со унгарски училишта од Будимпешта, во врска со размена на искуства во програмите и наставата во образовните институции. Како училиште изразуваме голема благодарност до Конзулатот на Република Унгарија, со желба за понатамошна соработка, истакна Јанева.

извор: ОхридПрес