АктуелноОхрид

Визер го укина летот Охрид – Милано

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ потврди дека ги прекинала летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака, како и од Охрид кон Милано, објави  специјализираната веб-страница за ависообраќај Exyuaviation.

Од компанијата не ги наведуваат причините за укинување на овие две линии, како и на уште една линија – од Охрид кон Милано, ниту пак дали некогаш ќе се обноват.

„Визер“ ги откажа и летовите меѓу Охрид и Милано (Малпенса), кои беа воведени во март 2019, но беа прекинати во 2020 во екот на пандемијата. Моментално, „Визер“ ги одржува само летовите од Охрид за Базел, додека летовите кон Меминген и Малме ќе продолжат во февруари, а кон Виена, Дортмунд, Фридрихсен и Лондон во март.

Од базата во Скопје, унгарскиот нискобуџетен превозник во моментов оперира со четири авиони.