АктуелноОхрид

(ФОТО) Градоначалникот на отворањето на 10тата Меѓународната конференција „Охрид- Водици 2022- Глобални трендови и предизвици“

Денес присуствував на отворањето на 10тата по ред Меѓународната конференција „Охрид- Водици 2022- Глобални трендови и предизвици“ која се одржува во очи големиот христијански празник Богојавление – Водици, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение на објавата градоначалникот додава:

Годинашната тема „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ е мошне интересна и значајна. Јас верувам дека нема Македонец чие внимание не би било одвлечено од годинешната тема.
Нема држава без идентитет. За него не смее и не може да се преговара со никого. Идентитетот е сржта, генетскиот код на нашето постоење и опстојување. Древниот Охрид е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар кој ја промовира Република Македонија како земја која доследно се грижи за своето минато, сегашност и иднина. Вредното културно наследство кое го поседува Охрид, го сочувале генерациите пред нас, а тоа доследно треба да го правиме и ние.
На конференцијата ќе бидат презентирани 42 труда, од 71 учесник и 11 земји.