Пратеничката од сдсм Жаклина Лазареска наместо да ги коментира надлежностите на секретарот на општина Охрид, треба да се засрами од кадрите поставени на образовните институции во Охрид во време кога таа ја водеше кадровата комисија на општинската сдсм Охрид, напиша на својот ФБ профил секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. Во објавата секретарот додава:
Како народен пратеник во собранието на Република Македонија треба да престане со штитење на ситно партиските интереси и интересите на поединечни директори на основни училишта во Охрид кои ги пречекориле своите овластувања и конечно барем еднаш во својот мандат да ги штити интересите на граѓаните на Охрид, а посебно како просветен работник да ги заштити интерeсите на нашите деца кои учат во образовните институции така што ќе побара оставки од несовесните директори.
ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА НЕОДГОВОРНО РАБОТЕЊЕ !
ПОРАНО ИЛИ ПОКАСНО, ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА И ЌЕ ИМА !
Китески: Пратеничката од СДСМ Лазареска наместо да ги коментира надлежностите на секретарот, треба да се засрами од кадрите поставени на образовните институции
Редакцијадекември 22, 2021
posted on