На 12.11.2026 во 11:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на сервисна улица во поранешен комплекс Отекс се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (47) од Струга и велосипед управуван од 73-годишна жена од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената , констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

















