На 11.11.2026 во 01:55 часот на ул.„ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (23) од Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена контрола, било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.


















