СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (27) од охридското село Косел и лице на (28) од Прилеп, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а лицето сторил и кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
При претрес во домот на второпријавениот, извршен на 10.09.2026 со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе пакувања со марихуана и кокаин, кои ги набавил од првопријавениот и ги препакувал за натамошна продажба.
При претресот, во домот на второпријавениот, затекнат е малолетник од Битола на кој му овозможил да користи марихуана.
Пријавените веднаш беа лишени од слобода, а со малолетникот, во присуство на неговите родители и претставници од Центарот за социјални работи се извршени разговори, по што ќе следува соодветен поднесок.


















