АктуелноОхрид

Регионална летна крводарителска акција во Охрид

Летниот период е време кога резервите на крв традиционално се најмали, додека потребата од крв останува постојана. Со цел обезбедување доволни резерви на крв, Црвен крст на Република Северна Македонија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организира регионални летни крводарителски акции низ државата.

 

Во рамки на оваа иницијатива, Црвен крст Охрид на 14 јули 2026 година (вторник) ќе ја реализира Регионалната летна крводарителска акција, која ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

На акцијата ќе учествуваат крводарители од Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, Демир Хисар и Ресен, обединети со заедничка цел – да се обезбедат доволни резерви на крв за сите на кои им е потребна.

 

Со цел непречена организација на акцијата, крводарителите од Охрид се повикуваат да ја посетат акцијата во периодот од 08:00 до 10:00 часот.

 

Црвен крст Охрид ги повикува сите здрави лица кои ги исполнуваат условите за дарување крв да се приклучат на оваа хумана иницијатива и со својот хуман гест да помогнат во спасување човечки животи.

 

Некој веќе чека на тебе. Дарувај крв. Спаси живот!