АктуелноОхрид

Известување по повод празнувањето на Охридскиот закрилник – Свети Наум Охридски

Дебарско-кичевската епархија со голема радост ве поканува на празнувањето на споменот на Охридскиот закрилник и Мизискиот чудотворец, свети Наум Охридски, кој е наш постојан молитвеник и кој повеќе од 1100 години непрестајно се застапува за нас пред Божјиот престол.

По тој значаен повод, на 02.07.2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на свети Наум Охридски ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Празнувањето на овој голем светител ќе продолжи и наредниот ден, на 03.07.2026 година (петок), кога со почеток во 08:45 часот ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Европски г. Пимен и Брегалнички г. Иларион.

Со голема и искрена духовна радост ги покануваме сите благочестиви верници да се придружат на празничните богослужби и, како и досега, во молитвено единство да го прославиме свети Наум Охридски, нашиот небесен закрилник, просветител и чудотворец, испросувајќи преку неговите свети молитви Божји благослов, мир и спасение за сите нас.

 

 

 

dke.org.mk