Утре во домот на културата во Вевчани КУД ,,ДРИМКОЛ” од Вевчани ќе го реализира својот годишен концерт кој традиционално се одржува секоја година. Темата на концертот годинава е северното игроорно подрачје во Македонија и концертот носи наслов: ,,Од Скопска Црна Гора до Блатија”. На програмата ќе бидат презентирани песна и ора од овие предели, а на сцената ќе настапат 125 уметници на Дримкол. На концертот како гости ќе учествуваат и учениците од државното музичко училиште во Битола од насоката за традиционална музика и игра.КУД ,,Дримкол” е едно од ретките друштва во нашата држава кое организира редовно годишни концерти и тоа секогаш тематски и со различна содржина.Последниве години концертите се насочени кон обработка и презентација на различни игроорно подрачја во Македонија, што покажува храброст и спремност на Дримкол да се носи со тежината и спецификата кои произлегуваат од различностите на етничките предели. Овој концерт е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија со годишната програма за проекти од национален интерес.














