АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа кај населбата Рача во Охрид, нема информации за повредени лица

Денеска на Булевар „Св. Наум Охридски“ во близина на охридската населба Рача се случи сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила.

Според првичните неофицијални информации, во несреќата нема повредени лица, а причинета е материјална штета на возилата. На местото на настанот интервенираше полицијата, која изврши увид и ги утврдува причините и околностите под кои дошло до сообраќајката.

Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од булеварот се одвиваше отежнато, а надлежните апелираат до возачите за внимателно и прилагодено возење, особено во периоди на зголемена фреквенција на возила.

Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот од страна на надлежните служби.