Во Неделата на сите Светии, во Соборниот храм „Свети Јован Крстител“ беше отслужена Света Литургија, по што беа осветени двете нови камбани поставени на новоизградената камбанарија на храмот.
Со нивното поставување, храмот доби нов електронски камбанариски систем составен од три камбани со различни тонови, кои ќе го најавуваат почетокот на богослужбите и ќе ги повикуваат верниците на молитва.
Од Црковната парохија упатија благодарност до сите верници и добротвори кои со својата поддршка придонеле за реализација на овој значаен проект за храмот.
По повод почетокот на Петровденскиот пост, на верниот народ му беа упатени желби за лесни и Богоугодни пости.















