Заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Утрово се поделени и преостанатите количини од предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе.
Годинава со акцијата беа опфатени жителите од улиците „Прилепска“,„Винковачка“, „Будва“, „Радојца Новичиќ“ и „Кленоец“.
Општина Охрид ја реализира оваа акција традиционално по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни.















