Охрид

Успешен концерт на Четкар во Будимпешта

Минатата Сабота (30 Мај), Владимир Четкар концертно се  претстави  во
Будимпешта во најпопуларниот Унгарски  џез клуб, Budapest Jazz Club. Ова
е трет по ред настап на Четкар на ова место во кое  редовно настапуваат
некој од најпознатите имиња на европскиот и американскиот џез.

Особено интересно е да се спомне дека на истиот ден и во истиот момент
во Будимпешта се одржуваше и големото фудбалско финале  на лигата на
шампиони и беше огромен предизвик успешно да се одржи овој концерт токму
поради огромната фудбалска еуфорија која владееше во градот. Сепак за
среќа се се заврши одлично а концертната сала беше преполна благодарение
на верните унгарски фанови кој низ годините внимателно ја следат и
подржуваат работата на Четкар преку нивните национални и специјализирани
радио станици меѓу кој Petofi Radio, Jazzy Radio и т.н.