Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 11 мај, се забранува за пиење водата од изворот во селото Елшани. Претходно преку ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, земена е вода за лабараториска анализа, при што е утврдено присуство на E.coli.
Согласно законските обврски се наредува МЗ од с.Елшани да постави јасно и видливо предупредување дека ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ, а во рок од 3 дена да достави писмено или електронско известување во Агенцијата за храна и ветеринарство, ПЕ Струга, за извршување на инспекциската мерка.














