Традицијата за „Избор на највелигденско јајце “ продолжи и оваа година по 21-ви пат. Вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ се одржа оваа верска традиционална манифестација кој привлече големо внимание кај публиката.

На настанот беа изложени бројни шаренолики велигденски јајца, како и цртежи насликани од вештите млади раце на децата кои се дел од литургиската служба во неделите во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта.





Манифестацијата започна со настап на хорот „Калистрат Зографски“ со избор на црковни песни со соодветна тематка, по што следуваше изведба на драмска уметничка точка од страна на драмското студио “Миладин“ а своја беседа посветена на манифестацијата одржа Отец Стефан Санџакоски, кој се осврна на Велигден како голем христијански празник но и на денешниот неделен празник посветен на Томина недела.


Посебни награди и признанија добија три уметнички дела кои беа насликани со верска тематика, како и осум надобро избрани велигденски јајца и едно прозно пишано дело.





















