АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, кој беше во работна посета на Општина Охрид.

Посетата на министерот е дел од активностите во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“, чија цел е да се мапираат предизвиците со кои се соочуваат општините, да се соберат предлози од градоначалниците, советниците и општинската администрација, како и да се следи реализацијата на инфраструктурните проекти финансирани од државниот буџет.

Градоначалникот Пецаков и министерот Перински разговараа за реализацијата на инфраструктурните проекти во Општина Охрид, кои се финансираат во рамки на двата повика на Министерството за локална самоуправа.

На средбата се разговараше и за програмите за рамномерен регионален развој на Југозападниот плански регион, како и за предлог-проекти со кои Општина Охрид може да аплицира за искористување средства од фондовите на Европската Унија и програмите за прекугранична соработка.

Беа отворени и теми поврзани со управувањето со локалната самоуправа, приоритетните капитални инвестиции, како и иницијативите за консолидација на јавните претпријатија. Беше потенцирано дека соработката помеѓу Министерството за локална самоуправа и Општина Охрид е на високо ниво и дека истата ќе продолжи и во иднина.

По средбата, министерот Перински и градоначалникот Пецаков во големата сала на Општина Охрид остварија средба со советниците од Советот на Општина Охрид и со дел од општинската администрација. На средбата се разговараше и за актуелни теми поврзани со новиот Закон за локална самоуправа, идните реформи и можностите за унапредување на функционирањето на општините.