АктуелноОхрид

Делегација од Истра во посета на општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими  делегација од Истарската жупанија предводена од високи претставници од туристичко – угостителската дејност, Станислав Бришкоски  и  Езио Пинзан и парохискиот свештеник на МПЦ со служба во Риека, Дејан Белчовски.

Врските меѓу Охрид и  Истра имаат цврсти темели  преку воспоставеното пријателство со збратимениот  град Пула и активна соработка со  тамошното здужение  на македонци „Св. Кирил и Методиј“ од Пула.

На средбата, двете страни заклучија   дека само со конкретни проекти и идеи може да се подигне соработката на повисоко ниво. Фокусот ќе се става на клучните области  за развој на  Охрид  како што е туризмот преку размена на искуства и промоции. Ќе се зајакнува соработката и во делот на образованието со поврзување на младите и институциите  како и градската инфраструктура  со примена на успешни европски модели.

Градоначалникот Пецаков подвлече дека  локалната власт  продолжува да работи на меѓународно  етаблирање на  Охрид како град кој ги негува старите и создава нови пријателства  за подобра иднина на сите граѓани.