АктуелноОхрид

Кривични пријави за две лица од струшко Корошишта поради отстранување на трска од архелолошкиот локалитет „Врбник“ во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (25)г. и  лице на (28)г., двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување  или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по  член 264 од Кривичниот законик.

Во текот на минатата година тие се затекнати на археолошкиот локалитет „Врбник“ во Струга, кој преставува евидентирано недвижно добро во Охридското езеро, како вршат сеча, односно ја отстрануваат природната трска. Инаку, археолошкиот локалитет „Врбник“ во текот на 2022 година е прогласен  за заштитено подрачје во категорија III Споменик на природата.