Батериите не се обичен отпад. Тие содржат опасни материи како жива, олово, кадмиум и никел, кои при неправилно фрлање можат да навлезат во почвата, водата и храната. Овие токсични метали се поврзуваат со оштетувања на нервниот систем, бубрезите и црниот дроб, хормонални нарушувања и сериозни последици по развојот на децата, вклучително и проблеми со концентрацијата и учењето.
Со селекција на батериите, овие опасни материи не завршуваат во природата, туку безбедно се третираат, а вредните материјали како цинк, манган и литиум повторно се користат. Така се намалува потребата од ново рударење, се штедат природни ресурси и се намалува загадувањето. Ова е суштината на циркуларната економија, отпадот да стане ресурс, наместо закана.
Пронајди ги малите контејнери за одлагање на батерии во блиските маркети или упатете се до блиското училиште кадешто ќе ги најдете поголемите контејнери за електронски отпад.
Одделувај ги батериите правилно, тие се опасен отпад!
Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!











