АктуелноОхрид

INclusive Disco – 4 години инклузивна ноќна приказна во Охрид

Во сабота, 20 декември, еден од најпрепознатливите ноќни клубови во Охрид – INclusive Disco, одбележува 4 години постоење со голема роденденска забава.

По тој повод, на сцената ќе настапи Ѓоко Танески, во вечер исполнета со емоции, музика и енергија. Во изминатите четири години, INclusive Disco изгради уникатен идентитет на клуб кој не следи трендови, туку создава свои.

Преку инклузивна тематска програма, разновидни музички настани и отвореност кон сите генерации и стилови, клубот стана место каде што различноста е вредност, а секој гостин е подеднакво добредојден. INclusive не е само ноќен клуб – тоа е концепт, заедница и идеја која публиката ја препозна и ја прифати.

Токму посетителите, со својата лојалност и поддршка, се најголемата сила зад успешната приказна на клубот. По повод четвртиот роденден, тимот на INclusive Disco упатува искрена благодарност до сите гости, пријатели и соработници кои беа дел од ова патување и помогнаа визијата да стане реалност. Сабота, 20.12 – INclusive Disco, роденденска ноќ која се слави со срце, музика и заедништво.