АктуелноОхрид

Засадени 20 нови садници во Охрид во рамки на акцијата „Садиме денес, за одржливо утре“

Вкупно 20 нови садници од видот „црвена слива“ беа засадени денеска во Охрид во рамки на акцијата „Садиме денес, за одржливо утре“ рализирана од ТАВ Македонија во соработка со Општина Охрид.

Во акцијата за садење на дрвја учество зедоа градоначалникот Кирил Пецаков и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како и вработени од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид и од охридската локална самоуправа.

Дрвјата беа засадени на неколку локации во паркот на градскиот кеј, во потегот на улицата „Македонски Просветители“ и на улицата „Партизанска“.

Овие активности се дел од втората фаза од зелената иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ на ТАВ Македонија, во чест на Меѓународниот ден на волонтерството – 5 декември, во насока на подобрување на урбаното зеленило, одржлив развој на заедницата, подигнување на свеста за важноста на животната средина и поголема грижа за природата.