АктуелноОхрид

(ФОТО) Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј отслужи Света Архиерејска литургија во манастирот Св. вмч. Георги во Кнежино, кичевско

Манастир Св.вмч.Георги – Кнежино Кичево
Во 23 седмица по Педесетница, кога се празнува преносот на моштите на Св.вмч.Георги од Никомидија во градот Лида Палестинска, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија г-дин Георгиј, отслужи Света Архиерејска Литургија во истоимениот манастир.