Сабота, Света божествена Литургија и помазание со миро од Свети Димитриј Солунски.
Празнична утрена: 07:30ч.
Божествена Литургија: 08:45ч.
Возљубени во Христа, со особена радост ве покануваме заедно да го празнуваме споменот на Светиот Солунски великомаченик Димитриј.
Оваа Сабота на денот на неговиот спомен, по празничното богослужение ќе се читаат молитви над болните и сите ќе бидат помазани со миро од светителот кое се донесе од Солун.









