АктуелноОхрид

Кривична пријава против две лица од Дебар за запуштање и малтретирање дете

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против  лица на (21) и (19), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.
На 13.10.2025 на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја затекнаа  како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил другото лице.
Двајцата беа лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот поднесена им е пријавата.