Се радувам што денеска мој гостин беше младиот охридски теквондист Ненад Целески, кој освои златен медал на Балканското теквондо првенство, што се одржа неодамна во Дупница, Бугарија.
Му упатив искрени честитки на младиот спортист за големиот успех и за достоинственото претставување на Охрид и Македонија на ова престижно натпреварување. Ваквите резултати се голем мотив за младите охриѓани и поттик за понатамошен развој на спортот во градот.
Целески е член на Теквондо клубот „Хваранг Фист“ од каде што најавија интензивни подготовки за претстојните натпреварувања на европско и светско ниво.











