Делегација на Општинскиот Комитет положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
На денешен ден, пред 132 години, во Солун се роди идејата што го разбуди македонскиот народ, идејата за слобода, достоинство и национално единство.
Основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација не беа само револуционери, беа визионери кои ја запалија искрата што и денес гори во срцето на секој Македонец.
23 Октомври е завет за ВМРО-ДПМНЕ, потсетник дека љубовта кон татковината не се мери со зборови, туку со дела, со пожртвуваност, со непоколеблива вера во македонската иднина.
Испраќаме порака на гордост и решителност:
Да ја чуваме Македонија!
Да ја браниме нејзината чест!
Да ја продолжиме револуционерната мисла со мудрост, храброст и народна љубов!
Нека ни е честит 23 Октомври!
Да живее Охрид!
Да живее Македонија!
Да живее ВМРО!











