АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен

На 17.10.2025 година во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од  лице на (58)г.  од селото Речани, кичевско и товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  лице на (27)г. од селото Беранци, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден од возачите а со телесни повреди се здобил возач, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.