АктуелноОхрид

Пецаков: Општина Охрид од моето доаѓање на власт во континуитет одвојува програмски средства за покривање на оперативните трошоци на Планинската спасителна служба

Драго ми е што можам да се пофалам дека Општина Охрид од моето доаѓање на власт во континуитет одвојува програмски средства за покривање на оперативните трошоци на Планинската спасителна служба и единствена Општина која обезбедува финансиски и институционална поддршка за ваква волонтерска служба.
Повеќе од уверен сум дека сета оваа поддршка е повеќе од заслужена имајќи предвид дека за само три години оваа служба извршила 62 интервенции за спасување на повредени лица, интервенирала 27 пати за заглавени возила во зимски услови и обезбедила услови за девет спортско рекреативни настани во планински услови.
Затоа на средбата што ја остварив со Антонио Додевски – претседател на Националниот Сојуз за Планинско Спасување ја истакнав мојата решителност да оваа поддршка не само што ќе продолжи тука и во иднина согласно можностите и потребите да се зголемува. Безбедноста на граѓаните и посетителите е наш врвен приоритет!
Охрид не запира повеќе!