АктуелноОхрид

Во понеделник трибина „Превенција, откривање и лекување на Рак на дојка“во организација на УЖ на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

Октомври е меѓународно признат како месец на свесност за ракот на дојка, познат и како „Розов октомври“. Овој месец има длабоко значење и важна улога во борбата против оваа болест, која е најчестиот карцином кај жените и водечка причина за смртност кај женската популација.

Во рамките на месецот на свесност и подршка за борба против ракот на дојка, во понеделник на 13 Октомври во 19:00 часот во ХОТЕЛ UNIQUE ќе се одржи трибина посветена на информирање, инспирација и солидарност, „Превенција, откривање и лекување на Рак на дојка“во организација на Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

На трибината свои излагања ќе имаат: м-р Билјана Јоноска, претседател на Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ, д-р Горан Маркоски, специјалист генеколог, д-р Тони Чифлигароски, специјалист радиолог и д-р Симон Локоски, специјалист хирург.

Инаку, во услови на растечка инциденца и сѐ помлада возраст на пациентките, експертите алармираат – неопходно е подигнување на свеста, организиран скрининг и континуирана едукација на медицинскиот кадар за ракот на дојка. Раното откривање не само што спасува животи, туку значително ги намалува трошоците и го олеснува третманот. Ова беа клучните пораки од Меѓународниот симпозиум „Рак на дојка – Современи пристапи“, организиран од Аџибадем групацијата и Здружението ЕЗРА.